АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под влијание на влажен бран од југ утре и во сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон сабота и во сабота наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2).
Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали (за 5 до 10 степени во однос на денес), а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.
Извор: УХМР