Денес, 8 мај, од вкупно пријавени во системот 1241 лица, во Регионалниот вакцинален центар во Битола вакцинирани се 876 или вкупно оваа недела 3885, објави Весна Спирковска, директор на Здравствениот дом во Битола.
-Честитки за тимовите и апел до населението-пријавувајте се на сајтотvakcinacija.mk., порача Спирковска
Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека секојдневно се зголемува интересот за вакцинација и бројот на вакцинирани
-Од ден во ден се зголемува темпото на вакцинација, што е показател дека системот за масовно вакцинирање функционира одлично. Само вчера аплицирани се 13.725 дози вакцини.Во државата вкупно се вакцинирани 118.984 граѓани, а со последните бројки 32% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина. Интересот за вакцинација расте од ден во ден, а напоредно со тоа ги надградуваме и капацитетите со што до средината на летото, во зависност до достапноста на вакцини, можеме да постигнеме колективен имунитет.
Пријавете се за вакцинација на www.vakcinacija.mk, информираше Филипче