2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Едногласно изгласана одлуката за реконтрукција на патот за Брусник, но неизостанаа меѓусебните препукувања на советниците

Јуни 01, 2021

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе одлука за кофинансирање на Општина Битола  за проект со кој ќе се реконструира патот за село Брусник.

Седницата се одржа со физичко присуство во  салата на Советот,  за првпат по подолго време . Одлуката со која Советот дава согласнсот Општина Битола да учествува со кофинасирање на овој проект  во износ 4, 7 милиони денари, а останатите средства во ист износ ќе бидат обезбедени од Бирото за регионален развој, требаше да се донесе до 12 часот, а итно закажаната седница отвори дебата кај советниците. Опозицијата рече дека ќе гласа за оваа точка, но, сепак обвинија дека вака набрзина закажана седница остава простор за соменеж.

-Да нема дилема, како советничка група и јас лично со две раце ја поддржуваме оваа точка на дневен ред. Знам дека се работи во цајтнот, но она што повеќе пати го имавме видно, се побвторува и со оваа 75 седница свикана во 5 до 12, без доволно информации. Но, сепак прифаќаме. Дали со  ова преку ноќ донесување одлуки се работи за некаков проблем во вашето планирање, изготвување на документацијата, во реализацијата, во органзиација на работата, дали некој ве кочи, ве притиска, или просто станува збор за незнаење на сите нас? Зошто вакви одлуки ни се случуваат кои будат сомнеж и кај граѓаните и кај нас сите, сега неколку месеци пред избори да го направиме она што не е направено досега, рече Тони Коњановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот, Валентин Груевски, се збалагодари што советниците дојдоа на седницата и објасни зошто е значаен проектот.

-Со оваа одлука, од Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој ќе добиеме 70 илјади евра за реконструкција на патот за Брусник. Ако не ја донесевме одлуката тие пари немаше да ги добиеме. Зошто не сме порано известени, не е работа на овој Совет. Во овие програми од Министерството, кога општините конкурираат за проекти, односно патишта кои се надвор од градот, финансирањето е 50:50. И тоа е по закон така. Затоа сега ги добиваме тие 4,7 милиони денари, а другото го финансираме ние. Не е важно дали ќе се направи за 2,3 и 4 месеци, сепак ќе се направи и ќе остане за жителите.  За Битола се доделени уште 2 милиони денари за „Водовод“ и 6 за „Нискоградба“ за набавка на машини, што со овие 4 милиони, се некаде околу 200 илјади евра што не е мала сума, ниту е за потценување, а најмалку треба да се потсмеваме. Покрај коловозот, кон селото ќе се изгради и водовод и канализација. Должината е 1,5 километар и ќе го решиме проблемот на жителите за наредните неколку децении, рече Валнетин Груевски, претседател на Советот  на Општина Битола.

Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска се во паника пред изборите.

-Доказ за тоа е и денешната седница, се гледа дека сте во паника и целата некоординираност на локалната и централната власт не примора да бидеме присутни на седница, која е спротивна на деловникот за работа, но еве како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го прифатиме тој предлог, но не можеме да останеме неми на сите овие случувања. Толку е големо потценувањет што го правите во моментот на Битола и битолчани, што не може да се измери. Ништо друго не правите освен што бркате скап политички маркетинг од џебот на граѓаните. Доказ е оваа брошура која битолчани ја добија на своите адреси, во неа има десетина улици, сликани на 50 фотографии во оваа брошура. А за тоа како ви се довиваат градежните активности во овие неколку месеци, доказ ви е оваа насловна страница. Оваа фотографија повеќе наликува на Битола меѓу двете светски војни, отколку Битола во 21 век, рече Тошевски.

Од владеачкото мноинство одговорија дека требаше да се напечатат повеќе брошури за сите реалзирани проекти досега, за опозицијата да се потсетува, а граѓаните да се информираат.

-Паниката почнува да расте кај опозицијата, затоа што се она што тука го носевме како одлука во изминатите 4 години, се она што го планираше Општина Битола,  се реалзира во сите сфери- во спортот, инфраструктурата, подобра животна средина, култура. Велам грешка е што се направи една брошура. Требаше 10 такви брошури да се направат за сите области во кои Општина Битола вложила во изминатите 4 години-за образованието, најнапред ги одблокиравме училиштата,  а потоа ги рекоснтруиравме, за Офицерксиот дом, реконструкцијата на многу објекти, за инфраструктурата, ги подобривме влезовите во градот, улицата Довлеџик еден дел се реконструираше, сега повторно се работи, потоа  влезот од страната на Прилеп, се реконструира најголемата улица , Илинденска.  Ги модернизиравме јавните претпријатија, каде претходно владееше хаос.  Чесно, домаќински и искрено се вложуваше во изминатите 4 години. Спортот го оставивте на најниско ниво, го донесовме на највисоко ниво. Да, точно, виновни сме што не напрвивме повеќе брошури за се што направивме во изминатитот период, да ве потсетувамевас, бидејќи заборавате,  и  а продолжиме да ги информираме битолчани, рече советникот  од СДСМ, Методија Илиевски

Советникот Борче Корлевски рече дека опозицијата од говорницата во Советото ја почна кампањата за локланите избори.

-Се насочија на дневни теми, добро е да говориме и на такви теми, но сега сакаат за тоа да зборуваат бидејќи се во трка дали некој ќе биде или не на листата. Кога зборувавме за патишта кон руралните средини, немавме поддршка од опозицијата, ниту за патот кон Бистрица, Велушина, Барешани. Рекоснтрукцијата на патот за Лавци, повтрно беше ништо. Сега имаат збелешки и за другите реконструктивните зафати во градот. Ете и тоа е во ред. Но нивните кампањи ги почнуваат од оваа говорница, борејќи се внатрепартиски да се најдат на листите. Не е ниту место, ниту пак е одговорно кон граѓаните. На минатите седница зборувавме за јавните претпријатија, за образованието, ако беа заинтересирани ќе присуствуваа и ќе говореа. Но нив ги немаше, ниту ги интерсираше, се до овој момент кога во опозицијата течат анкетите кој да биде, а кој не на листите за избори, рече Корлевски.

Советниците едногласно ја усвоија одлуката за кофинансирање на Општина Битола за реконструкција на патот за Брусник

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани