Webp.net gifmaker

Битолските бизнисмени и градоначалничката Петровска на средба со економските промотори  

Јуни 01, 2021
Битолските компании и нивните производи во многу сегменти и области се конкурентни на пазарот на трудот не само во земјава и на Балканот, туку и во Европа, па затоа е добро нивниот пласман да може уште повеќе да се прошири, беше истакнато на денешната средба на економските промотори во странство и битолските стопанственици, чиј домаќин беше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. 
 

FB IMG 1622564349603

 
Градоначалничката Петровска ја поздрави иницијативата на Директоратот за економска и јавна дипломатија при МНР и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кои заедно со македонските економски советници во странство, им понудија поддршка на битолските стопанаственици за дополнително проширување на извозот на нивните производи
FB IMG 1622564345560
 
На информативната средба, покрај градоначалничката Наташа Петровска и заменик градоначалничката Емилија Костурски, учествуваа директорот на ДЕЈД Игор Попов, директорот на АППТ Љупчо Јаневски, промоторите Илија Псалтиров – Варшава, Бекри Ајдини – Абу Даби, Абдилџемил Саити – Минхен, Сузана Тунева – Анкара и Неби Ахмети, советник за меѓународна соработка и промоција на туризмот, а од страна на битолските стопанственици учествуваа Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора, Драги Милошевски – директор на Киро Дандаро, Томе Тромбев – директор на Монтинг Инженеринг, Горан Микаровски од Цермат, Иванчо Велјановски – Квасара, Александар Чадиковски – Лакталис и Николче Трпеновски, сопственик на хотел Капри.

FB IMG 1622564340895

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани