АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателката на Советот во Битола Габрила Илиевска од неависната граѓанска иницијатива Поинаку, која беше дел од советничкото мнозинство, и денес не се појави на продолжениетo на 26 седница, a владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДОМ остварија кворум и седницата продолжи. Илиевска рече дека таа не закажала никакво продолжение, дека Поинаку нема да учествува на незаконски седници и од Државниот инспекторат за локална самоуправа побараа вонреден инспекциски наздор за последните случувања во Советот. На продолжението не присуствуваше ни советнилката група на СДСМ со коалиционите партнери.
Дваесет и шестата седница на 20 апарил Илиевска ја прекина поради потреба од дополнителни консултации, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица и ДУИ ја продолжија и беа изгласани финансиските извештаи на јавните претпријатија од кои дел се во загуба.
„Она што дополнително се случувало во салата на Советот немам намера да го коментирам, за истото ќе се произнесат надлежните институции. Денес од моја страна не е закажано никакво продолжение или пак нова седница. Кој, како и што работи внатре во салата на Советот во овој момент не знам. По добиената информација за одржување на седница, утринава како советничка група испративме дописи до градоначалникот и Општината дека Поинаку нема да присуствува на т.н. продолжение на 26-тата седница и немаме намера да учествувмае на незаконити седници, ни сега, ни во иднина“, соопшти Илиевска.
Од опозиционата СДСМ која ја напушти уште минатата седница, а и денес не се појавија, велат дека не можат да учествуваат во лакрдија во која ВМРО-ДПМНЕ и Понаку се докажуваат меѓу себе кој е поголемиот брат во Советот.
„Јавните претпријатија се наоѓаат во катастрофална состојба и ние не сакаме да учествуваме во таква лакрдија на седница со 85 точки каде се обидуваат да се пазарат и да се докажуваат кој е поголемиот брат во Советот дали Поинаку или ВМРО-ДПМНЕ. Ние принципиелно ја напуштивме само оваа седницата, а не се работи за напуштање на Советот и за замрзнување на нашите функции“, рече Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ.
Запрашан дали е можно промена на советничкото мнозинство кое го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Поинаку и Левица, рече дека сите карти се отворени.
Од ВМРО-ДПМНЕ и денес изјавија дека постапуваат согласно челн 56 од деловникот и продолжението на седницата го водеше највозрасниот Советник, Марица Тодоровска.
„Во моментот советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата брои 13 членови и сите оние останати советници кои му сакаат добро на градот треба да дојдат во советничките столчиња и да продолжат со аргументи да дебатираат за градот. Доколку некој не сака повеќе да биде советник слободно може да поднесе оставка и согласно законските прописи влегува следниот советник“, рече Бојан Бојкоски координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.