АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под мотото "Доста е! Излези за Македонија", ВМРО-ДПМНЕ денес организираше протест со блокада на кружниот тек кај Безистенот од 15 до 17 часот. Протестираат со барање Владата јавно да го објави, патоказот за преговорите со Бугарија.
Блокади на крстосници имаше и во Скопје и уште 10 други градови низ земјава. Како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, протестите се единствен начин да се спречи барањата на Бугарија да станат дел од преговарачката рамка со ЕУ и на тој начин проблемот што го имаме со Софија да стане проблем со ЕУ. Мицкоски рече дека тоа го дознал од високи дипломатски извори од Брисел и Софија.
Протести ќе се одржат и утре од 15 до 17 часот