АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
МКЦ одржа нацрт дискусија за новиот закон за волонтерство и новата стратегија за разој на волонтерството 2021/2025. Во тек се серија настани на оваа тема зашто законот е на јавна расправа, поставен е на единствениот национален регистар на прописи и времето за коментирање истекува за десетина дена.
„Сакаме да ги слушнеме сугестиите, коментарите од засегнатите страни. Имавме вкава средба со граѓанските асоцијации, а сега и со претставици од јавни институции, општини, заинтересирани волонтери да можат да ги видат новите законски решенија и евентуално да понудат некакви подобрувања. Овој процес се одвиваше изминатите неколку месеци со мешовита работна група меѓу државните органи и граѓанските асоцијации. МКЦ Битола имаше вој претставник. Беа понудени нови законски решенија кои ќе значат понатамошен развој на волонтирањето“, рече Златко Талевски од МКЦ Битола.
Ново е тоа што се овозможува, пак, волонтирање во јавниот сектор што беше оневозможено со Законот за трансформација во редовен работен однос. Јавните институции пак ќе се отворат за волонтерите преку едно регулирано волонтирање.
„Понатмау, новина е тоа што се скратува времето за регистрација на странски волонтери. Тој период е сега 10 дена, а порано одземаше и неколку месеци. И се зајакнува улогата на Националниот совет на волонтерство кој се вградува во законските одредби. Исто така, како организатори на волонтерска работа се јавуваат и социјалните претпријатија. Во Законот се допрецизира како волонтирањето да го разликуваме од другите неплатени работи, од практичната работа, од општо корисната работа , од студентската пракса и од стажирањето“, рече Талевски.
Во рамки на програмата „Пат Западен Балкан 6“ каде МКЦ Битола е координатор ова лето почнува размена на волонтери од шест земји од Западен Балкан.
„Интересот за волонтирање е добар, но постои простор за подопбрување. Околу 20 проценти од младите се ангажирани волонтерски како неформална група или граѓанска асоцијација. Во текот на пандемијата уште повеќе се нагласи потребата и улогата на волонтерите бидејќи тие беа оние први кои се приклучија кон акции за изработка на визири за сите здравствени работници преку 3Д принтери. Тоа беше масовна волонтерска акција преку која беа дистрибуирани 40 000 визири за сите здравствени работници. Придонесот е голем на волонтерите, па преку новите законски решенија и Стратегијата очекуваме тој процент на ангажман на младите како волонтери да биде уште поголем“, рече Талевски.