Веднаш по големото невреме кое го зафати Преспанскиот регион, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски излезе на увид во село Царев Двор.
-Уште во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на шетите. Сите алатки кои се во наши раце ќе бидат употребени во заштита на трудот на преспанскиот земјоделец- истакна градоначалникот Гошаревски.