Webp.net gifmaker

Силно невреме со дожд, ветар и град ја зафати Преспа

Јуни 11, 2021

Силно невреме со пороен дожд, ветер и град ја зафати попладнево Преспа. На социјалните мрежи жителите на Преспа споделуваат фотографии и се жалат дека градот предзивикалогромни  штети и во овоштранците во Царев Двор, Дрмени, Евла, Болно, Перово. 

198826762 10221674415753981 1216928631615071092 n

Преспа последните години постојано се соочува со вакви поројни врнежи од град, кои им нанесуваат штети на овошките.  

 199565347 10221674415393972 4079385684453298382 n

 

Инаку според метеоролозите времето и  утре ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. 

Во недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани