АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипите на ЈКП "Водовод" Битола веќе 18 часа работат на изнаоѓање на дефектот на главната водоводна мрежа F150, на потегот од кружниот тек на влезот кон градот до детската градинка Пролет.
-Дефектот може лесно да се санира, но тешко е да се пронајде. Ситуацијата е комплексна бидејќи водата која истекува се влева директно во канализационата мрежа.
ЈКП "Водовод" Битола им се извинува на граѓаните поради долгиот прекин во водоснабдувањето, а екипите ќе останат на терен се до изнаоѓањето и санирањето на дефектот, се наведува во известувањето од "Водовод"-Битола