АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Додека Битола е зафатена повторно од голем иселенички бран, Интимен театар поготви премиера која раскажува за желбата на група млади луѓе да останат во родниот град. Претставата „Леонс и Лена“ работена по пиесата на Бихнер содржи и документарни материјали извлечени од приватниот живот на актерите Никола Стефанов, Валентин Дамчевски, Анастазија Христовска и Антонио Китановски, а сетоа тоа во режија на Софија Ристевска- Петрушева.
„Одиме контра тој огромен бран што во моментот постои на заминување, на емигрирање, фаворизиорање на Европа и другите држави од западниот свет. Претстасвата зборува за желбата на луѓето да останат во нашиот град, обратно од сите што се иселуваат. Нашиот град е напуштан масовно и не само тој, туку од цела држава луѓето заминуваат, по коронавирусот уште поголем е тој бран на заминување. Ние сакаме да кажеме дека останувањето е исто толку важно и животот на луѓето може да биде активен и квалитетен и во нашата средина. Можноста да сте свои во својот свет и да не си емигрант е многу важно во овој момент. Да се издига оваа идеа на пиадестал, а не само идејата за заминување и напуштање да биде доминатна“, рече Ристевска -Петрушева.
Ова е прв проект на „Интимен театар“ кој е финансиски потмогнат од Министерството за култура во последните четири години.
„Важно е што во овој проект ангажиравме млади луѓе кои не се вработени, се на слободна пракса зашто пандемијата ги постави на маргините бидејќи целиот пазар се затвори. Целиот буџет што го добивме успеавме да го влееме во независната сцена која постои во нашиот град“, рече режисерката.
Актерот Валентин Дамчевски изјави дека Интимен театар е местото што ги отвора вратите на младите артисти и му дозволува да ги третираат проблемите од нивните гледишта, да зборуваат и за нив.
„Важно е што Министерството го одобри овој проект и го финансираше зашто во еден момент нашиот театар се почувства дека оди во некаков колапс и многу важно е што ги добивме овие пари зашто младите луѓе кои живеат тука треба да бидат задржани“, рече Дамчевски.
Со по 20 гледачи во публика, со запазување на сите протоколи, претставата ќе биде одиграна пет пати на 20, 23,25,27 и 30 јуни во Интимен театар со почеток од 20 часот.