АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат откако е отворен во педесеттите години од минатиот век , темелно се реконструира внатрешноста во Здравствениот дом во Битола, по целосна обнована Службата за Итна медицинска помош пред неколку години, сега се реновирани и Детската превентивна и Стоматолошка служба, потоа просториите каде се чуваат вакцини, како и ходниците на објектот. Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска го посети Здравствениот дом, изрази задоволство за овие крупни зафати што се спроведуваат последните години и најави други инвестиции во Битолското здравство.
-Целиот Здравствен дом внатрешно е реновиран, нешто што не е направено 70 години, немало никаква интервенција откако епуштен во употреба. Целосно се реновирани внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, превентивната служба, вакциналните пунктови, превентивната стоматологија, делот каде се чуваат вакцините од редовниот календар. Ова на некој начин е континуитет, надополнување на процесот што започна пред две-три години кога беше целосно реновирана службата за медицинска помош, а ќе се финализира со замена на кровот. Во период кој што следи, после помошта која треба да стигне од Делегацијата на ЕУ ќе добие и ново амбулантно возило, а понатаму во целокупниот процес на подобрување на условите во здравствените установи ставаме фокус на реновирањето на Болницата, рече Филипче.
Директорката на Здравствениот дом во Битола, Весна Спироковска, рече дека во наредниот период следи реконструкција и на просториите каде е сместена лабораторијата.
-Денеска имаме можност да покажеме што направивме во овие неполни 4 години. Ја променивме душата на Здравствениот дом, остана само надворешноста, додека сите служби се реновираа. Сега ги промовираме трите служби каде реновирањео е завршено, претходно беше реновирана службата за Итна помош, а во наредниот период останува уште лабораторијата. Со тоа сите простории ќе бидат реновирани, а ова е за првпат да се прават вакви поголеми зафати, рече Спирковска.
Министерот Филипче упати благодарност до сите вработени во Здравствениот дом во Битола за доброто менаџирање на КОВИД кризата, како и за успешната реализација на процесот на вакцинација кој што е во тек.