ЕЛЕМ со 19 милиони евра ќе купува помошна механизација за РЕК Битола

Март 26, 2018

Со 19 милиони евра државната компанија  Електрани на Македонија, ќе купува помошна механизација за РЕК Битола, за ископ на јаглен.

Директорот на ЕЛЕМ,  Драган Миновски, кажа дека денес е распишан тендерот, со кој ќе купат вкупно 44 машини, односно осум хидраулични багери-ровокопачи, девет булдожери, два грејдери, три автодигалки, три утоварувачи, два комбинирани градежни машини-скипови, четири телескопски чистачи на транспортни ленти, две цистерни за вода, три товарни возила со хидраулична рака за кревање и превоз на товар и осум камиони-дампери со носивост од 30 тона. Според Миновски, еден од главните трошоци на ЕЛЕМ е ангажирањето надворешна помошна механизација, за што се ангаѓираат надворешни фирми, бидејќи нема своја.

„Ова е целата помошна механизација што му е потребна на РЕК Битола за да не ангажира повеќе надворешни фирми. Во последните 10 години за ангажирање помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено 93 милиони евра“, рече Миновски.

ЕЛЕМ очекува машините да бидат испорачани до крајот на годината.

„Во 2019 година помошна механизација од надворешни фирми во РЕК Битола нема повеќе да се користи. Следна инвестиција во рудниците во РЕК Битола ќе биде набавката на механизација за ископ на јаглен, во рудникот Брод-Гнеотино. РЕК Битола, за разлика од рудникот Суводол, каде има сопствена рударска меганизација, во Брод-Гнеотино нема и со години им плаќа на надворешни фирми за тие да вршат ископ на јаглен, а главните количини јаглен се копаат токму таму“, рече Миновски.

За скоро ќе биде распишан  тендерот за набавка и на оваа механизација, која ќе чини 22 милиони евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани