АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради врнежите од снег на планинскиот премин Ѓавато од 19,20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.
Вакви забрани има и на превоите Стража и Буково, на патниот правец крак-Маврово-Дебар, на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Буково и Ѓавато.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
УХМР најавува врнежи од снег и следните денови. Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.