2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Библиотека на тркала во Битола

Март 30, 2018

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Фондацијата „Чекор по чекор“  и „Сумнал“ – Здружение за развој на Ромите заеднички  го одбележуваат 2 Април  -Светскиот ден на книгите за деца  и 8 Април -  Меѓународниот  ден на Ромите

Настанот ќе се одржи во понеделник со почеток во 11 часот и ќе трае до 14 часот.

За таа цел, ќе биде промовирана кампањата „Прочитај ми сказна за да го разберам светот”,  со цел да се популаризира читањето книги кај ромските деца од најмала возраст, како и кај сите деца.

Кампањата ќе опфати средба со писатели, читање на книги од  познати личности, едукативни работилници за деца и родители.

Ќе бидат присутни ученици од основните училишта од Битола  „Стив Наумов“,  “Гоце Делчев“ , децата од градинката „Естраја Овадија Мара“ – Битола, „Сумнал“ – Здружение за развој на ромската заедница.   

„Следењето на модерните текови е резултат на нашите настојувања,  библиотеките да работат во пресрет на потребите на заедницата, особено на најмладите учесници како наши идни корисници.Со цел да се популаризира книгата и читањето од најмала возраст потребно е примена на нови форми и методи кои се прифатливи за нивната возраст,  причинувајќи им  задоволство и воодушевување и тоа  преку игра и забава и користење на соодветен дидактички материјал“, велат од Библиотеката.

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамки на компонентата „Вклучување на семејството и заедницата“, која има за цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата, најавува  и посета  со „Библиотеката на тркала“ во училиштата . „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое ги посетуваме училиштата од сите региони во државата за да им овозможиме пристап до материјали за учење на учениците од 1 до 3 одделение.

Oсвен во областа на образованието, Сумнал големо внимание осврнува и   стреми кон зајакнување на капацитетите на ромската заедница преку подобрување и развој на ромската култура, јазик и традиција како и промоција на позитивните вредности на културата на Ромите како услов за унапредување на современото македонско општество и рушење на стереотипите и предрасудите.

„Во однос на културата и негувањето на традициите, мораме да напоменеме дека Сумнал секоја година традиционално го одбележува денот на Ромите, кој секогаш е на 8 Април. По тој повод се организираат различни активности и работилници на кои се зборува и твори за овој многу значаен ден во историјата на Ромите“, посочуваат од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани