2win800x200

Дрвокрадци ујдисани со шумски полицаец од Демир Хисар, СВР му поднесе пријава

Јуни 13, 2023

СВР Битола, до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања. Имено, во с.Смилево и с.Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани