АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четири часа траела потрагата на спасувачките тимови по 2 планинарки кои се изгубиле над планинските патеки кај Нижеполе на Пелистер. Акцијата ја реализрал Центарот за управување со кризи, во координација со битолската Полиција, Ренџерите од НП „Пелистер“, Горската служба, Дирекцијата за заштита и спасување.
По добиенето известување од СВР Битола, Центарот за управување со кризи се координирал со другите служби за барање и спасување во планински терени. Потрагата се одвивала над селото Нижеполе, во предел каде последен пат се јавиле изгубените млади планинарки, информираат од ЦУК.
Ренџерите од Националниот парк „Пелистер“, во кординација со другите ангажирани субјекти ги пронашле двете планинарки во 13.45 часот. Тие, за среќа, не биле повредени, по што безбедно биле транспортирани до село Дихово, каде што престојувале.