2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Американската амбасадорка Брнз и градоначалничката Петровска открија две спомен обележја во Битола

Јули 28, 2021

Две спомен обележја открија денеска, американската Амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз,  заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

„Во сеќавање на американското училиште за девојки во Битола и американската воспитувачка и мисионерка Мери Луиза Метјуз 1888-1920, која ќе биде  запаметена како една од хероините која наместо да си замине, избра да остане и да им биде подддршка на жените во тешките времиња“, стои на спомен плочата, која свечено беше откриена од страна на градоначалничката Петровска и амбасадорката Брнз на локацијата, на која за време на Првата светска војна, постоеше американското училиште.

1 2

На локацијата, која претставува дел од старата градска архитектура, сместена во централното градско јадро, како објект од културно значење, беше направен краток осврт за делувањето на оваа мисионерка, од страна на Јове Парговски, вработен во Завод и музеј Битола,

1 8

Пред Американското катче, амбасадорката и градоначалничата Петровска, заедно со директорката на Завод и Музеј Мери Стојанова и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илиевски, се сретнаа со ансамбл од САД, кој настапува на фестивалот „Илинденски денови“.

1 11

Во паркот кај Градскиот часовник, беше откриено спомен обележје на првата американска болница во Битола, која постоела за време на Првата светска војна. На настанот присуствуваа и претставнци на Општинската организација на Црвениот крст Битола, како симбол на поддршката која во тоа време ја дал Црвениот крст.

1 7

„По завршувањето на Првата светска војна, двете докторки од САД, познати како Ангелите од Битола, д-р Регина Флод Кејс и д-р Францис Мабел Флод, ја отворија првата американска болница во Битола, раководена од жени, со поддршка на Црвениот крст за да му помогнат на локалното население. Мотото на американската мисија беше: „Успеавме да ја добиеме војната, сега мораме да го добиеме мирот“, пишува на спомен обележјето.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани