2win800x200

Синдикатот на РЕК „Битола“ донираше компјутер лаптоп на Здружението на лица со посебни потреби „Емануил плус“. Оваа скромна донација ќе ја олесни работата на здружението во кое членуваат родителите на деца со церебрална парализа и ќе ја подобри комуникацијата со други слични здруженија кои заеднички се обидуваат да издејствуваат подобра институционална грижа.

„Поддршката на здруженија, клубови, организации и поединци е една од нашите статутарни определби и како Синдикат секогаш сме подготвени да помогнеме во границите на нашите можности. Средствата за оваа и сите други наши донации се обезбедуваат од продажба на секундарни материјали, добиени во текот на производствениот процес“, соопштија од Синдикатот на РЕК „Битола“. 

 

Во пресрет на Василица - Православна Нова година, членови на синдикалната подружница на РЕК Битола донираа новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства кои се згрижени во Детската градинка Пролет.
 
-Да се помага е убаво во секој период од годината, велат од Синдикатот на РЕК Битола

Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нивниот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар на 1 јули. 

Управниот одбор на Синдикатот одлучи да му додели на Сребрин 50.000 денари неповратна финансиска помош, а ќе му обебзеди и неколку апарати за домаќинство. 
 
,,Солидарноста со нашите членови е прва и основна задача на Синдикатот. Ќе помогнеме секому и секаде, согласно можностите и околностите. 
Со надеж дека во иднина ќе нема случаи во кои ќе треба да помогнеме за намалување на болката или последиците од немили настани, на Сребрин и семејството му посакуваме што побрзо обновување на куќата", рекоа од Синдикатот на РЕК. 

Седуммина вработени во Службата за терхничка сигурност при РЕК „Битола“ ги исчистија од вегетација Еврејските  гробишта во Битола. Вработените кажуваат дека помош од Компанијата да се вклучи во чистењето била побарана од израелскиот амбасадор Дан Оријан, а тие акцијата ја спровеле во јули. Со чистењето ги опфатиле сите пет хетари од гробиштата. Теренот го исчистиле со тримери набавени од страна на Синдикалната организација при РЕК„Битола“. Истата оваа екипа го исчисти од  трева и друга вегетација опкружувањето на манастирот „Св. Арангел“ во Битола. Вработените велат дека ова е уште еден доказ за Компанијата како општество одговорна која им помага на граѓаните и институциите. 

Државните електрани, РЕК Битола и Синдикалните организации на ЕСМ и РЕК,  денеска донираа машина за чистење подови и  средства за хигиена и дезинфекција за Регионалниот вакцинален центар во Битола.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани