АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија со успех го заокружи ЕХФ Шампионатот за кадети во Скопје. Имено, нашите надежи играа финале, а земјата доби уште еден ЕХФ судиски пар. Младите битолски судии Методија и Михајло Илиевски го отворија шампионатот со натпреварот меѓу Швајцарија и Грузија од групата Б.
Подоцна, браќата Илиевски судеа на уште неколку натпревари и целосно ги задоволија строгите контроли на Европската ракометна унија (ЕХФ). Ова е голема сатисфакција и награда за 15-годишниот труд на младите судии. Македонија, која го има најдобри судиски пар во светот во името на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ја доби петтата интернационална двојка. Браќата Илиевски се приклучуваат на искусниот битолски пар Митревски и Тодоровски, а во ова одбрано друштво се уште Металари и Николовски и Начевски и Божиновски. Силвана Карбеска и Марија Илиева се исто така на листата на официјални ЕХФ судии од Македонија, но во женска конкуренција.
Извор-Гол.мк