Webp.net gifmaker

Стевче Митревски нов кандидат за градоначалник на СДСМ за Демир Хисар

Август 25, 2021

Магистерот по биотехнички науки и досегашен инспектор во државниот инспекторат за земјоделство, Стевче Митревски, ќе биде нов кандидат за градоначалник на Демир Хисар, објави денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, кои ги соопшти имињата на уште 16 кандидати за градоначалници, со што СДСМ вкупно утврди 51 кандидат кој ќе одат на следните локални избори. Николовски рече дека партијата оди на сигурна победа со Митревски

-Во Демир Хисар СДСМ оди на победа со нов кандидат за градоначалник и тоа по сите истражувања и анкети, кој ќе биде градоначалник уште во првиот круг, магистерот по биотехнички науки Стевче Митревски, досегашен инстепктор во држаниот инспекторатот за земјоделство, добро познат помеѓу граѓаните и жителите на Демир Хисар, рече Николовски

Во Демир Хисар противкандидат на Митревски од редовите ВМРО ДПМНЕ ќе биде Никола Најдовски, магистер по хемија, вработен како наставник во Демир Хисар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани