2win800x200

ДСЗИ: Проверивме 18 модуларни болници, нема недостатоци

Септември 20, 2021

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор во 18 модуларните болници низ земјава и притоа не биле констатирани недостатоци.

Притоа било констатирано дека во моментот на наздор модуларните болници во Битола, Гостивар и Кочани немаат хоспитализирани пациенти. Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 година до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт.

Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 година функционира како инфективно одделение со оглед на тоа што одделението, од КБ се реновира. Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница , но нема лежечки пациенти.

Модуларните болници во склоп на ЈЗУ Клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа. Во останатите има хоспитализирани пациенти.

ДСЗИ исто така не регистрира недостатоци и по однос на санитарно-хигиенската состојба , извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција , динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини. Оттаму додаваат дека вработените во модуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид 19.

„Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал, лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти“, се вели во соопштението од Министерството за здравство кое се повикува на извештајот од вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани