АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И градинката "Пролет", клон на ЈУДГ "Естреја Овадија Мара" е целосно обновена и со нов изглед.
После речиси половина век, во "Пролет" има нов мебел, а претходно е поставен нов покрив на градинката, санирани се терасите, комплетно молерисан објект и темелно е лакиран паркетот, а има и нови душеци за сите шест јаслени групи на Установата.
Директорката на ЈОУ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска, вели дека инвестирано е во 9 сите објетки кои се дел од оваа јавна општинска установа, а вкупно е вложено 18 милиони денари или околу 300 илјади евра. Во некои од клоновите капитални инвестиции немало и повеќе од 40 години, односно откако се изградени градинките и пуштени во употреба.