АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е изведбата на коловоз на улицата „Тошо Даскало“, како финална фаза од реконструкцијата на оваа улица. Асфалтирањето е во должина од 503 метри и чини 6.259.850 денари.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација на проектот, извршија увид во динамиката на изведба на терен
На асфалтирањето на улицата „Тошо Даскало“, која освен главниот дел има и неколку краци, му претходеше промена на мешовитата канализациона мрежа од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“ во вредност од 4.240.042 денари и промена на водоводни приклучоци од екипи на ЈКП „Водовод“ во вредност од 953.890 джденари
Вкупната вредност на оваа инвестиција од страна на Општина Битола е 11.453.782 денари.