АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во основните и средните училишта во Битола од почетокто на учебната година до денес има вкупно 12 ученици позитивни на коронавирусот, што е 0,1 процент од вкупно 11200 основци и средношколци на ниво на општина. Тоа не ја загрозува наставата со физичко присуство затоа што нема трансмисија во самите училишта.
-Од над 7600 ученици во основно и 3600 ученици во средно озбразобание само 12 ученици се позитивни. Има и 10 ученици во изолација, но поради заболени членови на нивните семејства. Тоа покажува дека нема критична епидемиолошка слика во Битола. Можеме да кажаеме дека во овие околности наставата се одвива без проблеми, онака како што треба, односно наставата не е причина за трансмисија на висрусот во образовните институции, вели градоначалникчката Наташа Петровска
Министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Битола се сретна со директорите на основните и средните училишта. На состанокот, на кој присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, разговараа за текот на наставата со физичко присуство во услови на пандемија, за реформите во основното образование и за процесот на унапредување на средното стручно образование.
-Сите заеднички продолжуваме будно да ја следиме состојбата со Ковид-19 во училиштата, која засега е стабилна и верувам дека со доследно почитување на мерките, училиштата ќе останат безбедни и што подолго отворени за учениците”, рече Царовска.
Директорите истакнаа дека планот и протоколите се почитуваат доследно и дека процентот на заразени ученици и наставници во битолските училишта е мал.
Според последниот извештај на Комисијата за заразни болести, состојбата со Ковид 19 во училиштата во државата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата.
Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневно основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 % од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Исто така, вакциниран е над 72% од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот просек.