2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

15-годишно лице е најмладиот пациент хоспитализиран од ковид-19 во Битолската болница

Ноември 05, 2021

На 15 години е најмладиот пациент хоспитализиран во Ковид-центарот во Клиничката болница во Битола. На Одделението вкупно се хоспитализирани 34 пациенти на возраст од 15 до 90 години, потврди директорката на Болницата Билјана Гагачовска.

 

„Зголемен е бројот на хоспитализации, како и на прегледи во ковид амбулантата. Тешка е клиничката слика кај хоспитализираните, претежно кај невакцинираните. Дури 70 проценти од нив се невакцинирани“, рече Гагачовска.

Во Битола, бројот на лица позитивни на ковид -19 последнава недела вртоглаво почна да расте. Само за три дена има 135 новозаболени, а вчера беа евидентирани скоро половина од нив, односно 58. Со тоа, по неколку месеци бројот на активни случаи се искачи на 358, а со месеци се движеше меѓу 170 до 250.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани