Марија Малгожата Мачковска, вработена во НУУБ„ Св. Климент Охридски“ - Битола ја доби престижната награда „Рицерски крст - Орден за заслуги на Р. Полска“ од претседателот на Полска Анджеј Дуда.
Оваа престижна награда се доделува уште од 1923 година на лица кои и дале заслуга на државата или на граѓаните со извршување на дела што го надминуваат опсегот на нивните вообичаени должности, кои носат значителна корист за државата или граѓаните, јавна посветеност и добротворни цели.
„Секогаш ме исполнува со гордост кога слушам дека моите сонародници придонесуваат за градење на просперитетот на другите земји, за нивниот развој “- рече претседателот на Полска, Анджеј Дуда.
Малгожата Мачковска е претседател на огранокот на Друштво за македонско - полско пријателство и соработка „Висла“.
Таа е креатор, организиратор на традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој се одржува веќе 28 години во општина Битола со соработка со Државно музичко училиште - Битола и Амбасада на Р. Полска во Скопје, организатор на разни културни манифестации, иницијатор на соработка на културна соработка помеѓу двете држави.