2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Професорот Пеце Николовски по втор пат претседател на Универзитетскиот сенат

Ноември 29, 2021

На 196 седница на Универзитетскиот сенат, во постапка спроведена според утврдена процедура извршен е избор на претседател на Универзитетскиот сенат во согласност со Законот за високото образование и Стаутот на УКЛО. Со тајно гласање сенаторите му доверија втор мандат на проф. д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет – Прилеп, функција што успешно ја извршуваше во претходен период од една година.

Постапката за избор на претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот. Oд присутните сенатори тој е едногласно реизбран на функцијата Претседател на Сенатот на УКЛО.

На овој начин, на професорот Николовски доверен му е уште еден мандат да биде на чело на највисокиот орган на управување на Универзитетот „Св. Клинет Охридски“ - Битола.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.

Инаку, проф. д-р Пеце Николовски е редовен професор Економскиот факултет – Прилеп, автор е на учебници, книги и учебни помагала за студентите од сите три циклуси на студирање. Негово поле на научна преокупација е ревизија на финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиска контрола и сметководство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани