2win800x200

Палење на Коледарски оган, од страна на Општина Битола, нема да биде организирано

Јануари 05, 2022

Палење на Коледарски оган, од страна на Општина Битола, нема да биде организирано. Согласно тоа, предвидени се повеќе активности од страна на општината, кои опфаќаат: донација на книги – лектири за деца со Брајово писмо во НУУБ Свети Климент Охридски, по повод Меѓународниот ден на Брајовото писмо, како и донација на храна кај Божиќната пештера на Плоштадот Магнолија. Исто така, во четврток предвидена е посета на бездомните лица во хотел Битола, каде ќе бидат донирани неопходни производи за овие лица, со цел секој да може да ја почувствува празничната топлина која ја носат Бадник и Божиќ. На 09.01.2022 година ќе се одржи Божиќен концерт во Офицерскиот дом.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани