2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Обука за професионален развој на наставниците во училиштето во Новаци

Мај 10, 2018

Здружението КОНТИНУУМ-Битола го реализираше вториот дел од обуките за професионален развој на наставниците и стручните соработници во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.

Проектот е во рамките на годишната програма за работа на училиштето, со поддршка на Советот на Општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузмановски, а е одобрен од Министерството за образование.

Темите Постапки и инструменти за евалуација на учењето и поучувањето и Примена на стратегии за работа со деца во инклузивното образование беа избрани од страна на тимот за професионален развој во училиштето врз основа на анализата на личните планови за професионален развој на наставниците и истите се однесуваат на развој на основните професионални компетенции на наставниците во подрачјето Поучување и учење.

-Поддршката на иновациите во образованието од страна на Општината Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски доаѓа во време кога наставниците се исправени пред предизвикот на промените во науката и педагошката практика. Ова е позитивен начин на вклучување на општината во процесите на развој на компетенциите на наставниците и стручните соработници, што долгорочно ќе се одрази позитивно врз квалитетот на наставата и подобрување на процесите на учење и развој на учениците, наведуваат од Здружението за професионална едукација, професионален развој и демократија КОНТИНУУМ-Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани