30.01.2022
Под влијание на влажен бран утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот ќе започнуваат како дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми
Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне претежно во југоисточните делови од земјата.
Извор: УХМР