При контролата на полициски службеници од СВР Битола, спроведена денес од 13 до 17 часот, биле откриени и санкционирани три возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.
Од нив две возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од СВР Битола