2win800x200

Сабота-Туристички разглед на Битола за битолчани со Горан Пинза и Исидор Балојани

Февруари 17, 2022

По повод светскиот ден на туристичките водичи –  21 февруари, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатен разглед  за нашите сограѓани.  Туристичките разгледи ќе се реализираат во сабота, 19 февруари, во неколку града на територијата на нашата земја, вклучувајќи ја и Битола.

Појдовна точка на првата тура ќе биде музејот на Град Битола во 10:00ч., додека стартот на втората тура ќе биде со почеток во 11:00ч од пред Саат кулата. 

Доколку сакате да ги доживеете убавините на оваа професија, да го слушнете начинот на кој ние им ја пренесуваме приказната на странските гости и се потсетите на богатата  култура и историјата на нашиот град, ве повикуваме да ни се придружите и бидете наши гости на градската тура. Не е потребна никаква најава или резервација, ваше е само да се појавите во еден од предложените термини и заедно да уживаме во едно поинакво саботно утро.

Ваши водичи ќе бидат претставниците на нашата асоцијација од Битола, колегите со повеќе децениско искуство, Горан Пинза и Исидор Балојани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани