Битолската полиција излезе со препораки и совети до матурантите за безбедно прославување на матурските забави
- Апелираме до сите учесници во сообраќајот а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на конзумирањето на алкохол и приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот.
Да не се управуваат моторни возила без претходно положен возачки испит.
- Да избегнува учество, предизвикување или поттикнување на друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.
- Не е дозволено неовластена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства.
Исто така, од СВР Битола апелираат и сопствениците и вработените во угостителските објекти да се придржуваат кон пропишаните законски одредби.
- да не се дозволи нарушување на јавниот ред и мир во објектот (тепачки, физички напади, гласна музика, оддавање на пијанство и точење алкохол на лица кои се под дејство на алкохол и сл.)
- да не се дозволува присуство на малолетници после 24 часот или точење на алкохол на малолетници.
- Навремено пријавување на секој настан на телефонскиот број-192.