На еден пункт и со две екипи кои ќе работат во две смени ќе се одвива вакцинацијата во Битола против КОВИД-19 во оваа фаза од процесот. Здравствениот дом денеска ги завршува последните подготовки за утрешниот страт. Термините се веќе пополнети за неколку дена, а доколку се зголеми обемот на вакцинација и закажувањата преку „мој термин“ ќе бидат отворени и други пунктови во Битола.

Целосно се реновирани просториите на двете здравствени служби кои се многу значајни за превентивната здравствена заштита кај децата, тоа се Службите за детска превентивна стоматологија и школска медицина. Реновирана е целата дограма, подот, ходниците, тоалетите. Воедно службите сега се просторно поставенио една до друга со цел подобра организација и побрза услуга на децата.

„Посебно да нагласам за превентивните прегледи на децата на школска возраст ги ставиме на едно место. Веќе не е Школска медицина како што беше во просториите до нас (делот за администрација), па чекална им беше ходникот туку сега се сите на едно место. Во Детска превентивна стоматологија ги вршат прегледите за заби, а веднаш до неа е и Школска медицина како посебен дел на превентивна медицина и тие две служби се заедно какo во една единица за превентивни здравствени прегледи на деца“, вели директорката на Здравствениот дом, Весна Спиркоска.

„Одлуката за прекинот на работниот однос на шесте медицински сестри не е моја, јас само ја спроведов правосилната одлука која беше извршна,а донесена од Апелациониот суд на Битола“, рече на денешната прес конференција диркеторката на Здравствениот дом од Битола, Весна Спиркоска. Со одлука на Апелациониот суд отказ од работа добија шест медицински сестри вработени на конкурс од пред две години, откако две други кандидатки тужеа. Апелациониот суд одлуката ја донесе во јуни годинава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани