
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране утринската температура е -8, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4, во Скопје, во Штип и во Демир Капија -2 степена.
Поради продор на студена воздушна маса од север утре попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места.
Времето денес и утре (понеделник) ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во северните и северозападните делови (над 50 л/м2) на места поројни, проследени со засилен ветер.
Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.
Извор: УХМР