АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пресрет на Денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември, општина Битола, подготви програма со различни настани низ кои се презентираат значајните и традиционалните вредности на градот, низ културно – забавни, спортски, литературни, филмски и театарски содржини. Со цел, поттикнување на детската креативност и ентузијазам, какои вклучување на најмладите во празничните активности, четвртоноемвриската програма, содржи програмски содржини и за најмладите.
Заедно со битолчаните сонот ќе го издигнеме до јаве. Енергијата ја црпам од промената на она што заедно сме го направиле зашто тоа не се моите туку нашите пари. Имав неспани ноќи заради немир, не од направеното, туку имав неспани ноќи за тоа што треба да е направено особено во испроблематизирани затекнати ситуации“, рече градоначалничката Наташа Петровска во својот говор при свеченото доделување на наградата „4 Номеври“’.