АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила гради пешачка патека долга 500 метри која води низ населбата се до реката Шемница каде за празникот Богојавление Водици се фрла крстот. Патеката се гради по барање на жителите на Могила, а со цел поголема безбедност на учениците и пешаците.
Градоначалничкта на Општина Могила Јасмина Гулевска потпиша договор со Швајцарската агенција за развој и соработка за грант од 62 илјади швајцарски франци. Од грантот 50 илјади франци ќе бидат искористени за реконструкција на ОУ"Браќа Миладиновци" во село Мусинци и набавка на комби возило за превоз на ученици. Со ова Општината продолжува да наоѓа начини за реконструкција на училиштата во наслебите во Могила. Недомана со донација од Бугарија беа реновирани училиштето вo село Чарлија и спортската сала во Бач.
Останатите 12.000 франци ќе бидат наменети за зголемување на транспарентноста на Советот на Општина Могила како и учеството на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво. Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците на Општина Могила ќе добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети. Тоа ќе значи и имплементација на иновативни ИТ решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на Општината.
Ж.З.
Република Бугарија донираше 40 000 евра за реконструкција на подрачните училишта „Гоце Делчев“ во селата Радобор и Чарлија во општина Могила. Денес реконструираните школи ги посети бугарската делегација предводена од министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов.
Градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска заедно со учениците на ОУ „Гоце Делчев” од село Могила, вработените во училиштето денеска засадија 30 млади дрвца од видот каталпа донација од фабриката Кромберг и Шуберт од Битола.
-Општина Могила со цел да делува за намалување на аерозагадувањето и во идниот период ќе спроведува акции за садење на дрвја во различни населени места на територијата на целата општина- изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.
А.Б