2win800x200

По повод една година од преземањето на функцијата,  градоначалничката  на Општина Могила Јасмина Гулевска и претставници на Советот на Општина Могила од сите политички партии, дадоа отчет за реализираните проекти. 

Градоначалничката Јасмина Гулевска после една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Могила, во соопштение до јавноста откри дека  за една година власт  успеала да исплати повеќе од половина од наследениот долг на општината.

-Пред да ја преземам функцијата градоначалник бев свесна дека ќе се соочам со финансиски проблеми и долгови на општината. Ја презедов таа одговорност и се задолжив да работам чесно и транспарентно, граѓаните имаат право да ја знаат вистината за фактичката состојба на нашата општина.

По извршената внатрешна финансиска ревизија висината на долгот изнесуваше 30.437.408,00 денари.

И покрај малиот буџет со кој располага општината со гордост можам да кажам дека исплативме 17.141.726,00  денари.

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска направија увид на изведбените работи за уредување на коритото на река Шемница во Могила.

Во тек е четвртата фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Шемница во должина од еден километар и 200 метри. Откако ќе се заврши со оваа фаза ќе се почне со поставување на електрификација и урбана опрема, а доколку дозволат временските услови уредувањето на речното корито на река Шемница во општина Могила ќе биде завршено оваа градежна сезона, рече градоначалничката Јасмина Гулевска. За оваа фаза предвидени се над 2,7 милиони денари.

Фарамата на сточарот Пеце Шамбевски од пелагониското село Радобор е пример за европска сточарска фарма. На неа според европски стандарди се одгледуваат 160 крави кои дневно даваат по два и пол тони квалитетно млеко. На неговата фарма денес беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје отпочна иницијатива преку која на македонските сточари им се обезбедуваат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност.

Со средства од Центарот за развој на Пелагонискиот Регион отпочната е  четвртата фаза од партерното  уредување на коритото на река Шемница во вредност од 2.710.921 денари, објави градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Со почетокот на нејзиниот мандат започнати се инфраструктурни проекти за изградба на патишта, израмнување на полските патишта, нови краци за водовод и канализација во повеќе населени места во општината.

-Економскиот развој на општина Могила и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот, вели Гулевска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани