2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Неколку илјади граѓани на Битола, гости од Израел, политичари, ученици  се вклучија на Маршот на живите по повод  75 годишнината од депортацијата на Евреите од Битола. На Маршот  беше испратена пораката -Никогаш да не се повтори.

Во Битола денеска се организира Интернационалниот марш на животот, како и Комеморативна програма под покровителство на македонската Влада, по повод одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи.

Државни делегации од Македонија и Израел, претставници на невладини организации, но и голем број потомци на битолски Евреи од Израел, Латинска Америка и САД, најавија дека се приклучуваат

Потомците на битолското еврејско семејство Калдерон, кои беа разделени на три континенти Европа, Америка и Азија, денес се сретнаа во Битола на 75 годишината од депортацијата на битолските Евреи. Меѓу нив и Сара Ле Гутман Калдерон, ќерката на единствената Еврејка од Македонија, која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц.

Битола следната година ќе биде град домаќин на повеќе активности што ќе се одржат по повод одбележување на два значајни јубилеи  - 70 години од постоењето на Државата Израел и 75 години од протерувањето на Евреите од Република Македонија во логорот Треблинка. Манифестацијата  „Марш за живите“ ќе се одржат на  11 март 2018 во Битола, кога со  марш од 2 км, на кој ќе учествуваат граѓани, претставници на цивилното општество, пратеници, министри, политичари од Израел и Македонија,  ќе се оддаде почит на настраданите 7.144 Евреи.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани