АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски, денеска на терен направи обиколка на откупните пунктови за тутун.
-Целта на оваа обиколка по откупни пукнтови беше да се види реалната состојба на самите пунктови како и тоа какво е расположението на производитрлите за самиот откуп. Ги посетивме Сокотаб со откупен центар во Битола и Драгожани, СЕКЕ во Горно Оризари и Мисиријан во Лисолај, информираше Илиевски.
На 19 ноември, започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во регионите на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше претходно Илиевски.
Планирани количини на тутун кои треба да се откупат се: 3364 тони.
Вкупно склучени договори со земјоделците се 3408, додека се издадени вкупно 2475 евидентни листови.
Од страна на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун.
Од вчера започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во регионите на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски.
Методија Илиевски е новиот подрачен раководител на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанаство во Битола , вклучувајќи ги и општините Новаци и Могила. Илиевски на оваа функција е назначен од 1 ноември годинава , тој е магистер по фармерски науки со завршен Факултет за биотехнички науки во Битола. Илиевски останува и на позицијата советник во Советот на Општина Битола и координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата.
Кавга меѓу дел од советници од локалната власт и опозицијата изби на денешната седница на Совет за време на дискусијата по иницијативата покрената од Општина Битола за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници.
Советниците од опозицијата негодуваа дека иницијатива се покренува пред референдумот, па ја оценија како популизам, а советниците од владеачкото мнозинство обвинија дека претходната власт склучувала договори кои се злоупотребувале, а тие ќе формираат јавно претпријатие кое ќе биде во сопственост на Општината, па парите од паркинзите ќе се трошат за доброто на градот.
Методија Илиевски, е новиот координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола.