АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На повеќе од 30 улици во Битола, во првата половина на февруари, завршена е санацијата на ударните дупки од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“. Санацијата на коловозите се врши со ладна асфалтна маса и коцка. Се интервенира според фреквентноста, големината и приоритетот на улиците, како и врз основа на доставените пријави од граѓаните. На сите локации, во првата половина на месец февруари интервенирано е со над 11 тони асфалт.
СПИСОК НА УЛИЦИ НА КОИ Е ИЗВРШЕНА САНАЦИЈА СО ЛАДНА АСФАЛТНА МАСА
01.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците Партизанска, Македонска Фаланга – потрошено:2.00 тони асфалт.
02.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Борис Кидриќ, Никола Тесла, Боривое Радосављевиќ, Столарска, Боримечка – потрошено: 1,00 тон асфалт.
05.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Булевар 1- ви мај, Јане Сандански, Смилевски Конгрес, Партизанска, Охридска, Младински Бригади – потрошено: 2.00 тони асфалт
07.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: 4 ти Ноември, Блаже Рогозинарот, Цар Самоил – потрошено – 1 тон асфалт
08.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Васко Карангелевски со ЈНА, 15 ти Корпус, Солунска – потрошено – 1,75 тони асфалт
09.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Недопирливи, Климент Охридски, Д. Влахов, Ѓ. Наумов – потрошено – 1,50 тони асфалт
10.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Д. Илиевски Мурато, Партизанска, Јане Сандански – потрошено – 0,75 тони асфалт
14.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Иво Лола Рибар, Лавчанска, Борис Кидриќ, Драгорска – потрошено - 0,75 тони асфалт
15.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Илинденска, Дебарска, Мирче Ацев – потрошено - 0,75 тони асфалт.
Работните активности на КЈП Нискоградба и санацијата на ударните дупки со ладна асфалтна маса и коцка, продолжува со истиот интензитет, се до палењето на асфалтните бази, соопштија од Општина Битола.
Неговата екселенција, амбасадорот на САД Џес Бејли, на крајот од својот амбасадорски мандат во земјава, кој истекува на почетокот на месец март, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
На средбата беше разговарано за веќе добро етаблираните односи на амбасадата на САД и Општина Битола.
Градоначалничката Петровска изрази голема благодарност до амбасадорот Бејли за одигрувањето на клучната улога при приклучувањето на нашата земја во Северно-атланската алијанса. Со овој чекор земјата се наоѓа пред историски момент, затоа што допрва ќе бидат почувствувани придобивките од областа на зголемената безбедност, што пак претставува и сигурност за идните инвеститори на економски план. Таа го истакна значењето на готовата железничка траса кон граничниот премин Меџитлија, која и по железнички пат треба да ги олесни комуникациите меѓу двете земји, особено за размена на стоки, значајни за производствениот сектор.
Проектите кои што се реализирани на територијата на Општина Битола, а се потпомогнати од страна на Американската амбасада и УСАИД, исто така се најдоа во фокусот на средбата. Амбасадорот ја потврди одличната соработка на општината и Американското катче при што го потенцираше и одржаниот саем на креативци, како можност за развојот на претприемачкиот дух на младите. Градоначалничката Петровска ги посочи можностите за натамошна соработка, согласно потенцијалите кои Битола ги нуди како пограничен регион, опкружен со многу природни убавини, а истовремено и со големи економски потенцијал.
Со издавањето на имотниот лист Општина Битола официјално го има во владение полигонот лоциран во населбата Горно Оризари.
Екипите на КЈП „Нискоградба“ од вчера работат на санирање на ударните дупки на коловозите во Битола, кои настанаа откако градот беше зафатен со ниски температури и мразеви. Нагризувањето на асфалтот имаше и поради големото количество на фрлени сол и ризла на коловозите, по што со топењето на снегот се појавија дупки на коловозите.
Со коцки и ладна асфалтна маса, екипите на КЈП „Нискоградба“ започнаа со санација на дупките на поголемите улици во градот, а санирањето ќе продолжи и во наредните денови кон споредните улици, на кои има поголеми оштетувања.
Под тежината на снегот и од дождот падна еден од оџаците во ОУ „Даме Груев“-Битола, додека пак од пукање на замрзната цевка од водоводна мрежа се случи поплава и во Земјоделското училиште во Битола. Од средното училиште велат дека се работи на проблемот и до вечер ќе биде решен.
Од Општина Битола, извршија увид во ОУ „Даме Груев“ и за апла.мк велат дека засега не е возможна санација на оџакот поради временските прилики, но дека тој не е во функција за затоплување на школото.