АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под тежината на снегот и од дождот падна еден од оџаците во ОУ „Даме Груев“-Битола, додека пак од пукање на замрзната цевка од водоводна мрежа се случи поплава и во Земјоделското училиште во Битола. Од средното училиште велат дека се работи на проблемот и до вечер ќе биде решен.
Од Општина Битола, извршија увид во ОУ „Даме Груев“ и за апла.мк велат дека засега не е возможна санација на оџакот поради временските прилики, но дека тој не е во функција за затоплување на школото.
„Во однос на паднатиот оџак во ОУ „Даме Груев“ како последица на временските услови, во текот на вчерашниот ден, претставници од Општина Битола беа на терен на лице место и ја констатираа настанатата штета. Беше утврдено дека санација на оџакот е потребно да се изведат активности кои што во моментов не може да се реализираат на крововите поради временските услови и се бараат начини за санација на оџакот, но мора да се има во предвид дека тој оџак и пред падот, воопшто не е во функција во однос на греењето, велат од Општина Битола за апла.мк.