2win800x200

Спортски реквизити донираше денеска локалната самоуправа за средните училишта во Општина Битола. Обезбедени се по 10 000 денари, така што за шесте средни училишта во Битола беа набавени топки за сите спортови, според потребата за изведување екипна настава по кошарка, ракомет, одбојка и фудбал.

„Завршивме со неколку реконструктивни зафати во училиштата во Општина Битола, во вредност од над 380 000 денари и во таа насока ќе продолжиме и следниот период. Она што е исклучително значајно, покрај реконструктивните зафати, е збогатувањето на нагледните средства во училиштата. Денес сме овде да промовираме опрема, обезбедени се по 10 000 денари за секое средно училиште, исклучиво за намена на спортски реквизити и овозможување на јакнење на спортскиот дух кај младата популација. Како локална самоуправа, овозможивме и во ОУ Ѓорѓи Сугарев да имаме спортски активности на децата кои досега беа инклузивно невклучени во спортските активности, односно децата кои што имаат посебни потреби. Исто така, најавувам дека во следниот период ќе следува парична активност во функција на јакнење на спортските капацитети во основните училишта. Имајќи ја предвид, финансиската состојба на нашите училишта, ова е единствениот начин како би можеле да ја зголемуваме и подигнуваме кондицијата и атмосферата за што поблагопријатна атмосфера на учениците во Општина Битола“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Од општинскиот сојуз на училишни спортови, изразија голема благодарност за денешната донација од Општина Битола, која ќе овозможи и учество на учениците на натпревари во сите спортови.

„Морам да потенцирам дека за првпат од Општина Битола се прави ваков вид на набавка на опрема и значајно е за подготвување на екипите за претстојните натпревари и одржување на натпреварите во сите спортови“, изјави Михајло Трампевски , претседател на ОСУС – Битола. 

Oд вкупните расходи 48 проценти, од буџетот  одат во капитални инвестиции рече градоначалничката Наташа Петровска  на седницата на Совет каде требаше да се расправа за кварталниот извештај од реализацијата на буџетот на Општина Битола. Опозијата , пак, ја обвини дека предложила  буџет  во износ од 28,6 милиони евра, со што влегува во историјата на Битола со најголем буџет досега,

Ѓуро Илиќ е назначен за нов претседател на Општинската изборна комисија во Битола. Илиќ е со долгогодишно работно искуство од над 30 години во Општина Битола, а над 20 години е раководител на Секторот за правно-нормативни административни и општи работи при Општина Битола. Се чека официјално објавување во Службен весник, потврдија за апла.мк од Општина Битола. Илиќ доаѓа на местото на Зоран Насев кој пред извесен период го напушти работното место во  Општината  и замина во приватен сектор.

 

Едно од ретките, а  можеби и единствено оваа година Техничкото училиште во Битола реновира два кабинети со  странска донација како и одводот и доводот во 8 училници.   Санацијата се извршува со финансии од  Општина Битола  во висина од 171 000 денари и помал дел со сопствени средства.

При денешната посета на школото можеше да се види што се е заменето и во која состојба била инсталација, зарѓени цевки, дотраени инсталации, влага по ѕидовите. Но, она што се обновува и реновира особено новите кабинети  ветуваат  подобрување на состојбите.  

Општина Битола работи на усогласување на проектите за изградба на гасификација и топлификација  во Битола.  

-Во фаза на евалуација на доставените понуди од страна на ЕЛЕМ Скопје усно и писмено, Општина Битола  е информирана дека проектот топлификација на Битола е повторно актуелен.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани