2win800x200

Битолската полиција поднесе нови кривични пријави против ексградоначалникот на Битола , Владимир Талески и негови соработници од претходната локална самоуправа, вработени во Општината. 

Талески овој пат се сомничи за злоупотреба на службената положба. Поранешниот раководител за финансии и член на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски, правникот од Општината  и член на комисијата за јавни набавки М.К. и советничката за образование и член на истата комисија С.П. се осомничени за несовесно работење во службата.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Совет тврдеше дека Општина Битола има помалку долгови од јавно презентираните и дека ако се вкалкулираат и побарувањата, тогаш ќе испадне дека е во позитива. Од советничкото мнозинство предводено од СДСМ рекоа дека опозицијата си игра весела мактематика и дека дури и по пет месеци од заминувањето на Владимир Талески од петни жили го брани неговото работење.

Хор составен од ученици од Израел денес со песна ја исполни Општина Битола. Хористите ѝ испеаја израелски песни на градоначалничката Наташа Петровска, а потоа додека траеше нејзината средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, учениците се собраа во ходникот на општинската зграда и таму продолжија со репертоарот. Нивните нежни гласови се разнесуваа низ општинските ходници, а на крај им се придружи и амбасадорот Оријан, па заедно го испеаја симболичниот рефрен од познатата песна од Мајкал Џексон „We are the World“..

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ кој е  задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера попладне ја посети oпштина Битола, и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска. На средбата, Петровска детално го запознала министерот со финансиската состојба во која се наоѓа општината, а  разговарале и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање на поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање на нови домашни претпријатија.

 

Два дена по ред концентрацијата на загадувачките материи  во Битола е над дозволените граници на двете мерни станици, Битола 1 и Битола 2, со што надминат е прагот на информирање, а општината на својата официјална веб страница ги објави препораките

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани