2win800x200

Во организација на регионалната стопанска комора со седиште во Битола, денес во с.Стење се одржа работна средба на која присуствуваа претставници на општините Лерин, Аминдео и Преспа, како и претставници на коморите од Лерин и Пела од Република Грција.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со дел од општинската администрација, денес имаше работен состанок со претставници на проектот  на  УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

 

Во чест на Фудбалската репрезентација на Македонија и нејзиниот вечерашен натпревар против Португалија, Општинската зграда свети во боите на македонското знаме.

„Фудбалската репрезентација на Република Македонија е наша голема гордост. После историската победа против европскиот првак Италија, навиваме за нашите шампиони и им посакуваме пласман на Светското првенство во Катар. Битола е со македонската фудбалска репрезентација. Од вечерва во знак на нивна поддршка зградата на Општина Битола, свети во боите на македонското знаме“, напиша на ФБ градоначалникот Тони Коњановски.

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани