2win800x200

Читајќи песна од битолскиот поет Панде Манојлов наречена „Душа“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја заврши денешната прес конференција на која го обвини како што рече, новото советничко мнозинство за незаконско одржување на седница, донесување на незаконски одлуки за разрешување на управни тела во јавните претпријатија и за иницијативи за разрешување директор за што немаат надлежност, а значат мешање во неговите ингеренции.

Коњановски рече „бидејќи е крај на викендот, би ве замолил за кратко заедно да ја проследиме, ова е многу поучна песна која е добро да се чуе“:

„Душата тежела само 21 грам,

така покажаа испитувањата

од пред стотина години.

Во 21 грам собрано е се,

и љубов и среќа, и добрина и надеж.

Во тие 21 грам не се пресметани

омразта, зависта, гневот и лошотилукот,

За нив нема мерка што ќе ги измери“, прочита Коњановски.

Тој рече дека од неговото доаѓање, како градоначалник на Општина Битола, главен приоритет му е работа и посветеност во работењето, во интерес на Битола како град во интерес на сите битолчани. Во ниту еден момент не помислив дека мојата работа треба да се сведува на собирање политички поени или манипулирање на граѓаните, како што тоа се прави од одредени структури во Советот на општина Битола.

Признанието ,,Златен клас" од Пелагониските културни научни средби постхумно му се доделува на битолскиот поет и поранешен новинар Панде Манојлов. Вака беше одлучено денес на одржаното редовно изборно собрание на Пелагонски културни научни средби. Едногласно се донесоа следните одлуки:

1. Избор на нов претседател е др. Весна Калпаковска на местото на Ѓорги Лазаревски,
2. Повелба за Животно дело му се доделува на проф. др. Златко Жоглев,
3. Признанието Златен клас (постхумно) му се доделува на писателот-поет Панде Манојлов. Тој беше еден од најплодните поети од Битола, во чие дело родниот крај имаше посебно место, скоро секоја песна што ќе ја напишеше беше ппсветена на Битола и животот на битолчани. Манојлов почина лани од компликации предизвикани од корона вирусот. 

 Деновиве, во издание на книгоиздателството „Матица од Скопје“ од печат излезе најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина“ на познатиот битолски поет, долгогодишен новинар и публицист Панде Манојлов. Книгата содржи шеесетина песни исклучиво посветени на Палестина и страдањата на палестинскиот народ под окупација како и неуморната и праведна борба да се дојде до слобода.

Кога те градеа 
во темелите 
ти фрлија семе 
од најубавите битолски 
ѓул трендафили,
семе 
берено по дворовите 
на куќите 
од центарот на Битола 
и битолските маала: 
од Чифтефурни, 
Влашко маало 
до Ѓенимаале
и Еврејската маала,
од Дрвен пазар 
до Ат пазар... 
И сите убавини 
ги собирале мајсторите,
сите мириси на парфеми
од битолските дами 
и еснаф фудулите 
од битолската чаршија,
во темелите 
да ги вградат
како столбови 
за идното време.
Не старееш, знам,
зошто, секогаш,
со млади си 
во твоите клупи,
Гимназијо Горна,
и мирисаш на младост, 
мирисаш
на љубов, 
на ѓул трендафил 
мирисаш 
и спомени
од твоите клупи!

19.2.19. Панде Манојлов

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани