„Пратеникот“ е новата премиера на Интимен театар-Битола која во сабота со почеток од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Народниот театар од Битола како гостување и своевидна соработка меѓу двете театарски куќи.

Режисерката Софија Ристевска рече дека претставаста е иницирана од „Народен пратеник“ на Нушиќ, но само како основна каписла, зашто како што наведе „знаете дека не работам со автори ни живи, ни мртви во оригинал, па ги преработуваме текстовите“.

„Состевена е од два дела. Првиот целосно авторски е на нашиот тим и зборува за општеството, личните проблеми, човекот, дехуманизацијата, истите теми што ме засегаат години наназад. Феминизмот, како се чувства жената во државата, како се чувствуваат маргинализираните луѓе, дали во ова општество имаме шанса да живееме, дали има еднакви права за сите? Во вториот дел една љубовна интимна, дури и социјална приказна за двајца луѓе што никако не можат да избегаат еден од друг затоа што се сакаат, а истовремено и општеството ги притиска“, рече Ристевска.

Во претставата настапуваат двајца актери, Валентин Дамчевски кој веќе пет години во континуитет е дел од сите претстави на Интимен театар и Катерина Аневска. Заедно со нив на сцена ќе биде и кореографот и танчер Борис Богдановски , кој долго време работи во театарската школа за деца при Интимен театар.

„Се работеше напорно, но беше фасцинантно. Мојот лик во претсвата е третиот во нивната врска. Нивните мисли ги пренасочувам во движење и експресија на телото“, рече Богдановски.

Актерот Дамчевски, пак истакна дека „Пратеникот“ за него беше огромен предизвик зашто досега не работел толку експериментален процес со комплицирана естетика и тешки психофизички задачи кои намерно си ги задале.

Музиката во претставата е на композиторот Александар Талевски-Скачето, соработник на Интимен театар 10 години.

„Инспирацијата за музичкиот дел во најголем дел е од улогата на актерот, но и на оној внатрешен крик што го носиме во нас , она што не можеме да го искажеме и не сакаме. Се потрудивме музиката да ја извадиме од душа и крикот да го извадиме во претставата. Музиката е модерна или индустријал мјузик која магично влегува во цела претстава“, рече Талевски.

„Пратеникот“ трае 70 минути, камерна претстава е и ќе се одригра во Народен театар –Битола.

.

Режисерката Софија Ристевска која досега работеше во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ премина во Народниот театар Битола на истата работна позиција како режисер. Ристевска живее во Битола, а нејзините театарски проекти во Велес и Интимен театар –Битола постигнаа успеси во територијата на цела држава, па на нејзиното доаѓање во НТБ се гледа како на вистински потег кој ќе ја збогати театарската екипа со вистински професионалец.

„Велешки Театар за мене беше и ќе остане еден од најпозитивните, најбезбедните и најстимулативните простори кадешто сум создавала театар! Мојата љубов е огромна кон целата уметничко - административна и техничка екипа што работи во овај театар. Во Велешки секогаш, ама секогаш се чувствував добредојдено, за коешто им благодарам на колегите од се срце! Од денес битолскиот Народен театар ќе биде моја матична куќа, за што бескрајно се радувам и се надевам на долга и плодна соработка со целокупната негова екипа“, истакна Ристевска.

Додека Битола е зафатена повторно од голем иселенички бран, Интимен театар поготви премиера која раскажува за желбата на група млади луѓе да останат во родниот град. Претставата „Леонс и Лена“ работена по пиесата на Бихнер содржи и документарни материјали извлечени од приватниот живот на актерите Никола Стефанов, Валентин Дамчевски, Анастазија Христовска и Антонио Китановски, а сетоа тоа во режија на Софија Ристевска- Петрушева.

„Одиме контра тој огромен бран што во моментот постои на заминување, на емигрирање, фаворизиорање на Европа и другите држави од западниот свет. Претстасвата зборува за желбата на луѓето да останат во нашиот град, обратно од сите што се иселуваат. Нашиот град е напуштан масовно и не само тој, туку од цела држава луѓето заминуваат, по коронавирусот уште поголем е тој бран на заминување. Ние сакаме да кажеме дека останувањето е исто толку важно и животот на луѓето може да биде активен и квалитетен и во нашата средина. Можноста да сте свои во својот свет и да не си емигрант е многу важно во овој момент. Да се издига оваа идеа на пиадестал, а не само идејата за заминување и напуштање да биде доминатна“, рече Ристевска -Петрушева.

Ова е прв проект на „Интимен театар“ кој е финансиски потмогнат од Министерството за култура во последните четири години.201182646 10159408566558466 8368345322558727185 n

„Важно е што во овој проект ангажиравме млади луѓе кои не се вработени, се на слободна пракса зашто пандемијата ги постави на маргините бидејќи целиот пазар се затвори. Целиот буџет што го добивме успеавме да го влееме во независната сцена која постои во нашиот град“, рече режисерката.

Актерот Валентин Дамчевски изјави дека Интимен театар е местото што ги отвора вратите на младите артисти и му дозволува да ги третираат проблемите од нивните гледишта, да зборуваат и за нив.

„Важно е што Министерството го одобри овој проект и го финансираше зашто во еден момент нашиот театар се почувства дека оди во некаков колапс и многу важно е што ги добивме овие пари зашто младите луѓе кои живеат тука треба да бидат задржани“, рече Дамчевски.

Со по 20 гледачи во публика, со запазување на сите протоколи, претставата ќе биде одиграна пет пати на 20, 23,25,27 и 30 јуни во Интимен театар со почеток од 20 часот.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани