АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, од понеделник со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.
Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според УХМР е измерен еден степен над нулата.
Времето утре (28.11): Променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ (25.11): Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец
Во текот на ноќта кон четврток од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.