2win800x200

Вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 и имаат валиден европски сертификат, од утре во Грција ќе патуваат слободно, без да биде потребно дополнително да се тестираат, додека пак за останатите, задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, согласно измените на мерките што утре стапуваат во сила, а важат и за државјаните на Северна Македонија, објави  МИА 

Детскиот хор „Македонски ѕвончиња“, кој работи под раководство на  Марина Коруновска,  денеска премиерно на јутјуб  го објави новиот проект, исклучителна изведба на песната „Македонија“. 

 Станува збор за познатиот хит на групата Тајм и Дадо Топиќ, односно култната преработка на македонската група „Меморија“  со која беше одбележан еден од најважните моменти во македонската историја. Оваа песна одекна од бината на плоштадот во Скопје на 8 септември 1991 година  години, ноќта кога беше прогласена независноста на Македонија. Присутните во еден глас со групата „Меморија“   ја пееја песната и стиховите „Кога си сам и тажно е се, на неа ти сети се, Македонија ти нуди љубов и се“ во очекување на резултатите од рефернедумот, по што беше прогласена  независна и суверена Македонија.
 
Триесет години подоцна, „Македонските Ѕвончиња“, повторно со многу емоции ја промовираа нивната изведба онлајн. 
 

Состојбата со заболени лица од корона вирусот во Македонија може да се следи на апликација, која македонската компанија ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани.

Протест против  договорот  со Грција  се одржа вечерва на плошадот Магнолија во Битола. Граѓаните  кои дојдоа на протестот изјавија дека не одобруваат промена на уставното име на Македонија

Првата влада на Македонија  е избрана на 16 април 1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ . Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани